Отстранувањето на Tor Browser од вашиот систем е едноставно:
На Windows:
- Пронајдете ја вашата Tor Browser папка или апликација. Стандардната локација е на Десктоп.
- Избришете ја Tor Browser папката или апликацијата.
- Испразнете ја вашата Корпа за отпадоци.
На macOS:
- Пронајдете ја вашата Tor Browser апликација. Стандардната локација е во Апликации папката.
- Преместете ја апликацијата Tor Browser во корпата за отпадоци.
- Одете во
~/Library/Application Support/
папката.
- Забележете дека Библиотека папката е сокриена на новите верзии на macOS. За да дојдете до оваа папка во Пронаоѓач, изберете "Оди во папка..." во "Оди" менито.
- Потоа внесете
~/Library/Application Support/
во прозорецот и кликнете Оди.
- Пронајдете ја папката TorBrowser-Data и преместете ја во Корпата за отпадоци.
- Испразнете ја вашата Корпа за отпадоци.
Забележете дека ако не го инсталирате Tor Browser на стандардната локација (папката Апликации), тогаш TorBrowser-Data папката не се наоѓа во ~/Library/Application Support/
папката, туку во истата папка каде сте го инсталирале Tor Browser.
На Linux:
- Пронајдете ја вашата Tor Browser папка. На Linux, нема стандардна локација, како и да е папката ќе биде именувана како "tor-browser_en-US" ако користите Tor Browser на англиски јазик.
- Избришете ја Tor Browser папката.
- Испразнете ја вашата Корпа за отпадоци.
Забележете дека вашата стандардна "Деинсталирај" алатка во вашиот оперативен систем не е користена.